За животна средина

Факт е дека човештвото отсекогаш се соочувало со голем број избори поврзани со квалитетот на живеење и состојбата со животната средина. Секој избор има влијание врз светот што се остава на идните генерации. Некои избори ќе придонесат кон креирање на свет во кој економските и социјалните потреби се урамнотежени со капацитетот на природните богатства и екосистемите; другите ќе доведат до свет со девастирана животна средина, во кој сиромаштијата и гладот царуваат.

Правецот на глобална одржливост треба да е вкоренет во препознавањето на јасната поврзаност на заштитата на животната средина и развојот. Имено, луѓето ги користат природните ресурси во секојдневните активности: јадење, пиење, облекување, користење на електронски и електрични уреди, топлење, осветлување, возење автомобили. Но кои се ефектите од потрошувачката? И дали смееме да продолжиме со сегашните потрошувачки навики? Непријатно сознание е дека колку побогато станува општеството, толку повеќе богатства се користат и толку е поголем притисокот врз животната средина.

Очигледен проблем е капацитетот на животната средина за обезбедување на ресурсите што ни се потребни. Земјата е материјален систем во кој додека едни ресурси се обновуваат (шумите), другите се необновливи (метали, нафта, земјиште). Друго прашање е способноста на животната средина да ги прими резидуалите на нашата потрошувачка – исфрлањето на хемиски загадувачи и штетните емисии во воздухот.

Затоа, доколку сакаме генерациите што доаѓаат да живеат во свет без деградирана животна средина, треба да се прекине поврзаноста помеѓу економскиот растеж и зголемениот притисок врз животната средина, Последователно, мораме да преземеме коренити активности за да го промениме нашиот животен стил и потрошувачко однесување.

Одржливиот развој бара промени на политиките на многу сектори, а бара и нивна усогласеност. Зашто, човекот на 21 век е мудар: тој знае дека економскиот развој не е доволен за квалитетен живот на сите. Преку одржливиот развој се презема колективна одговорност за унапредување на економскиот развој, социјалната еднаквост и заштитата на животната средина на локално, национално, глобално ниво. Одржливиот развој е континуиран економски и социјален развој без исцрпување на природните ресурси, од чиј квалитет зависат човековите активности и идниот развој.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook