За Земјоделство и Шумарство

Од вкупното население на земјата  од нешто повеќе од 2 милиони, повеќе од 50% живее во руралните области. Во руралната економија доминира земјоделството.  Земјоделството учествува со  10% во националниот БДП. Земјоделско прехранбените и рибарските производи учествуваат со вкупен износ од 450 милиони € годишно, т.е. приближно 15% од извозот на земјата. Главни извозни производи се тутунот, виното, јагнешкото месо и сушен или свеж зеленчук. Многу деловии о земјата имаат плодна почва која, заедно со топлата клима, има потенцијал за  производство на високо квалитетен и широк асортиман на производи. Во земјата има 510.00 ha  обработено земјиште. Од тоа, 190.000 земјоделски стопанства , со близу 80% мали семејни земјоделски поседи со големина од 1,7 ha:   на таквите семејни земјоделски стопанства работаат околу 440.000 членови на домаќинствата и 141.000 сезонски работници. Од вкупната вредност на земјоделското производство во земјата, 73% доаѓа од обработливото земјиште и хортикултурата, останатите 27% се од сточарското производство, главно млеко, по што следи свинско месо, говедско, овци и кози.

Малите семејни земјоделски стопанства во земјата се соочуваат со истите предизвици со кои и многу мали земјодлески стопанства во многу делови на Европа – недостаток на земјиште, недостаток на капитал, слаба преговарачка позиција во синџирот на снабдување со храна, ниски приходи. Најголем дел од најмалите земјоделски стопанства воопшто немаат регистриран статус и поради тоа не можат да конкурираат за мерките за поддршка од националните или од ЕУ фондовите.  Многу од земјоделските стопанства со средна големина или дури и некои од големите, се спречени поради неможноста да се стекнат со повеќе земја (делумно поради несигурноста  во врска со регистарот на земјишни парцели), немањето капитал, цената на чинење на кредитите, слабата инфраструктура и многу други фактори. Некои страдаат од неповолните влијанија на климатските промени, поради зголемените температури и намалените врнежи: ова го наметнува и предизвикот за наводнување и развивање на стратегии за нови насади.

Шумарството во Република Македонија е стопанска гранка која во бруто домашниот производ учествува со 0,3-0,5%, меѓутоа ако се валоризираат општокорисните функции, придонесот е значително поголем. Општиот придонес во бруто националниот производ на дрвната индустрија (примарна и секундарна преработка на дрво, мебел, хартија, целулоза и др.) изнесува 2,5-3%.

Шумите во Македонија се карактеризираат со богата биолошка разновидност. Македонија има значајни ресурси на други шумски производи: лековити растенија, печурки, шумски плодови, како и разновиден дивеч. Значењето на шумите се потенцира со фактот што најголемиот дел од заштитените подрачја се под шума.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook