За претприемништво

Претприемништвото во рурален контекст ги опфаќа претприемачките вештини кои се потребни да го подобрат квалитетот на животот на поединците, семејствата и руралните заедници и да одржат здрава економија и животна средина.

Руралните претприемачи се подготвени да останат во руралните средини и да придонесат за креирање на подобра благосостојба на локално ниво. Како и да е, економските и социјалните цели на претприемништвото во руралните средини се многу повеќе силно поврзани меѓусебно, отколку во урбаните средини. Поради оваа причина, претприемништвото во руралните средини е базирано на локалната заедница, има силна поврзаност со семејството и има релативно големо влијание на руралната заедница.

Претприемништвото во руралните средини може најдобро да се развива ако е помогнато од т.н. стратешки развојни сојузи, т.е. партнерство меѓу владини, невладини организации, универзитетите и приватниот сектор.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook