Цели

Целите за воспоставување и функционирање на руралната мрежа се следните:

1. Воведување соодветна процедура за собирање, анализа и промоција на информации поврзани со активностите за рурален развој во Македонија и можностите на различни групи чинители;

2. Воспоставување процедури за испорака на детални информации со цел информирање на поединци и основни групи за достапноста на можности за рурален развој, преку националните, регионалните и меѓународните агенции;

3. Зајакнување на можностите за обука, менторство и подучување, како и можностите за размена на знаење и вештини помеѓу членовите на МРР;

4. Промоција на процесот на регионална соработка помеѓу членовите на МРР;

5. Воспоставување капацитети и структури што ќе користат иновативен пристап, ново знаење и добра пракса од земјите членки на ЕУ;

6. Подобрување на капацитетот и структурата за чинителите во руралниот развој (членови и партнери) со цел да ги подобрат своите услуги;

7. Изградба на служба за лобирање и застапување на организациите членки;

8. Зајакнување на достапните структури со цел да обезбедуваат повратни информации до владата во врска со состојбата во руралниот сектор

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook