За LEADER пристап

Иницијативата ЛЕАДЕР претставува иновативен пристап во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ преку кој се стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на градење на политики, донесување на одлуки и спроведување на активности поврзани со руралниот развој.

ЛЕАДЕР е кратенка за “Liaison entre Actions de Developpment de l’Economie Rurale” (LEADER) што значи “Врски помеѓу активностите за развој на руралната економија”.Тоа претставува метод на поттикнување и остварување на локалниот развој во рурални средини. ЛЕАДЕР е алатка за поттикнување на субјектите кои живеат во руралните средини да истражат нови начини за заедничка работа за подобрување на нивните основни животни услови. На тој начин ЛЕАДЕР придонесува за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, како за земјоделските семејства, така и за поширокото рурално население.

Иницијативата ЛЕАДЕР започна во 1989 година како инструмент за промовирање на интересите на Европската Заедница, како што е интернационалната соработка. Од самиот почеток претставуваше алатка за воведување и тестирање на нови методи и концепти, односно внесување на иновација во традиционалните пристапи и поврзување на институциите. ЛЕАДЕР официјално започна со спроведување во 1991 година со цел да ги подобри развојните потенцијали на руралните средини преку привлекување на локалните иницијативи и знаења, како и ширење на овие знаења во други рурални средини.

Досега се остварени четири генерации на ЛЕАДЕР:

ЛЕАДЕР I (1991-1993) : го означи почетокот на нов пристап кој беше очигледно територијален: заснован на област, интегриран и партиципативен. Креативноста е клучен елемент уште од самиот почеток.

ЛЕАДЕР II (1994-1999) : продолжи со истиот пристап, но акцентот беше ставен врз иновативниот карактер на ЛЕАДЕР проектите и методите.

ЛЕАДЕР + (2000-2006) : се фокусираше врз квалитетот на локалните стратегии. ЛЕАДЕР + веќе беше применлив во сите области на руралниот развој на Европската Заедница.

ЛЕАДЕР Оска (2007-2013): ЛЕАДЕР пристапот станува дел од Зедничката политика за земјоделство и рурален развој како Оска 4 во политиката за рурален развој. Од 2007 веќе е вклучен во Националните програми за рурален развој

Клучни карактеристики на ЛЕАДЕР пристапот

ЛЕАДЕР пристапот претставува уникатна можност за заедничко остварување на руралниот развој преку локална поддршка. Постојат седум клучни карактеристики кои го сумираат ЛЕАДЕР пристапот :

  1. Стратегија за локален развој заснована на територија;
  2. Пристап “од долу нагоре” со моќ за одлучување на Локалните акциони групи во врска со изработувањето и спроведувањето на стратегиите за локален рурален развој,
  3. Јавно – приватно партнерство : Локална акциона група (ЛАГ);
  4. Иновациски активности;
  5. Повеќесекторски активности и спроведување на истите;
  6. Вмрежување помеѓу Локалните акциони групи и
  7. Спроведување на проекти за соработка.

Овие карактеристики претставуваат една целина (сет на алатки) и секоја карактеристика е комплементарна и има позитивно взаемно содејство со другите карактеристики низ целиот процес на спроведување, со трајни ефекти врз динамичноста на руралните средини и нивниот капацитет да ги решат сопствените проблеми.

Што е ЛАГ ?

Воспоставувањето на локални партнерства познати како локални акциски групи (ЛАГ) е еден од првите и најважни чекори на ЛЕАДЕР пристапот. Согласно Член 62, точка 1 од Регулативата на Советот (ЕС) бр. 1698/2005, во земјите членки „…ЛАГ мора да покаже способност да дефинира и да имплементира развојна стратегија за соодветната територија…“. Ваквата група треба исто така „… или да одбере главен носител на административните и финансиски задачи способен да управува со јавните средства и да обезбеди добро функционирање на партнерството, или да се формира во правно утврдена заедничка структура чие формирање ќе гарантира добро функционирање на партнерството испособност да се управуваат јавните средства…“. Последователно, овие членови се однесуваат и на земјите кандидати. Се смета дека ЛАГ ќе можат да бидат ефективни во стимулирањето на одржлив развој поради тоа што тие:

  • ги собираат и ги комбинираат расположивите човечки и финансиски рњесурси од јавниот сектор, од приватниот сектор, од граѓанскиот сектор и доброволни ангажмани;
  • здружуваат локални носитрели на активности околу колективни проекти и мулти-секторски активности со цел да постигнат синергија, заедничка сопственост и критична маса која е неопходна за подобрување на економската конкурентност на соодветната територија;
  • го зајакнуваат дијалогот и соработката меѓу различни рурални носители, кои често имаат многу малку искуство во соработка, со редуцирање на потенцијалниот конфликт и со олеснување на преговори и договарања на решенија преку консултации и разговори;
  • преку интеракција меѓу различни партнери, ги олеснуваат процесите на прилагодување и промена во земјоделскиот сектор (на пр. високо-квалитетни производи, ланци продавници за храна) интегрирање на еколошките прашања, диверсификација на руралната економија и подигнување на квалитетот на живеењето.

ЛАГ треба да ги здружи јавните и приватните партнери , да биде добро избалансирана група која ќе ги претставува постоечките локални групи на интерес кои доаѓаат од различните социо-економски сектори на територијата. На ниво на донесување одлуки приватните паетнери и здруженија мора да учествуваат со најмалку 50% од локалното партнерство.

ЛАГ може да се основа специјално само за да добие ЛЕАДЕР поддршка, но може да се заснова и на претходно постоечки партнерства. Со тоа што располага со тим на практичари и со моќ за донесување одлуки, ЛАГ претставува модел на организација која може многу позитивно да влијае на донесувањето на политики. Искуството покажува дека врз основа на овие заеднички карактеристики може да се развијат повеќе типови на ЛАГ, како резултат на различните форми на регионална и национално – политичко и институционално организирање, со различни степени на автономија која се однесува на одобрувањето на проекти и финансиското управување.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook