За Културно наследство

Воведувањето и промовирањето на дејности кои придонесуваат кон зголемувањето на економските активности во руралните средини се потребни за економски раст, вработување  и одржлив развој.

Промовирањето на културното и природното наследство, туристички понуди во руралните области, ракотворбите, се растечки сектори во многу региони и обезбедуваат можности за диверзификација на фарма и на активности надвор од земјоделството, како и развој на мали бизниси во пошироката рурална економија. Туризмот е една од главните гранки во многу рурални средини и може да се развива преку културното и природното наследство. Користењето на информатичката технологија за резервирање на сместувачки капацитети, промоција, маркетинг, дизајнирање на услуги и активности за рекреација, промовирање на локални саемски манифестации, ќе го зголеми бројот на посетители.

Интегрирањето на иницијативи со комбинирање на диверзификацијата, креирањето на бизниси, инвестирањето во културното наследство, инфраструктура за локални услуги ќе придонесе за економски просперитет и подобар квалитет на животот во руралните области.  Развојот на микро бизнисите и занаетчиството  во руралните средини треба да се темели врз основа на традиционалните вештини и знаења комбинирани со адекватна опрема, обука и менторство за да се промовира претприемништвото и развојот на економијата.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook