За Економско Зајакнување на Жената

Покрај тоа што руралните жени имаат многу заедничко со жените од урбаните области, сепак разликите меѓу жителите од руралните и урбаните средини во Македонија се определени од големите растојанија на руралните средини од центарот, малата густина на населението и ограничените понуди на јавни услуги, надополнети со патријархалниот и конзервативен менталитет кој сè уште владее во руралните средини. Сè поголема е потребата од фокусирано истражување на руралните жени бидејќи руралниот живот и недостатоците што произлегуваат од него им влијаат на жените од руралните средини на различен начин од влијанието што тие го имаат врз мажите од руралните средини, а е поврзан со особеностите како што се: ограничениот пристап до јавен превоз, фактот што повеќето жени припаѓаат на постарите возрасни групи, специфичните здравствени прашања, понеповолната економска положба, тешкотии во пристапот до пазарот на работна сила, многу поголеми обврски околу семејството и грижа за членовите на семејството, недостиг на ефективно користење на сопственичките права, патријархални семејни односи, релативна невидливост во повеќето од земјоделските и руралните развојни програми и нивната недоволна застапеност во процесот на одлучување.

Економското јакнење на руралната жена е едно од фундаменталните човекови права, а клучно за намалување на сиромаштијата, поттикнување на економскиот развој и развојот на општеството. Ќе се постигне преку поголема вклученост на жената во процесите на донесување  на одлуки, локално и во целокупното општество преку организирање на активности со и за руралните жени, со што руралната жена ќе стекне поголема самодоверба за својата работа и вредноста на сопствениот придонес во семејството и поширокото општество.

Клуч во остварувањето на поголема вклученост на руралната жена во процесите на одлучување е соработката меѓу повеќе организации и поединци кои работат на ова поле.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook