За Диверсификација во Руралните Средини

Диверзификацијата ја поддржува различноста на руралната економија и квалитетот на живот во руралните средини. Разновидноста на руралната економија опфаќа активности за отпочнување и развој на селскиот и еко-туризам, работните места кои се поврзани со нив, заживување и комерцијализација на локалните занаети и понуда на нови услуги врз основа на постојните ресурси.

Земјоделството и производството на храна не се единствените функции на руралните средини, туку тоа може да биде широк спектар на други дејности кои имаат за цел да ги задоволат потребите на руралната популација.

Диверзификација вклучува пренасочување кон не-земјоделски активности, поддршка за создавање и развој на микро-претпријатија, промоција на туризмот и заштита, развој и управување на природното наследство, која придонесува за одржлив економски развој
подобрување на квалитетот на животот во руралните области. Посебен акцент дава на развој и обнова на селото, како и  зачувување и најдобро искористување на руралното наследство, како и производство на специјалитети од храна кои се карактеризираат со традиционален вкус, собирање на лековити, ароматични и украсни растенија, рурален туризам, вреднување на природните предности и традиционалниот изглед на руралните заедници, занаетчиството со фокус на рачните изработки и занаетчиски услуги и друго,

стекнување на вештини и водење активности со цел развивање и спроведување на стратегии за локален развој.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Мапа

Контакт


Адреса:

ѕл, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook