Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост 3ти декември

Здружението на граѓани за хендикепирани лица „Хуманост“ од Куманово го одбележа 3ти декември Меѓународниот ден на лица со попреченост, со настан кој го организираше во Куманово, оваа сабота на 1ви декември.

Мрежата за рурален развој на Република Македонија даде поддршка и помош при организирање на настанот, а воедно, ги претстави своите цели и активности пред лицата со попреченост кои присуствуваа на настанот. Повеќе од 20 деца со пречки во развојот од невладината организација „Порака наша“ и „Дневниот центар за деца со посебни потреби“ од Куманово, изработуваа ликовни творби и накит од монистри. За сите нив Мрежата за рурален развој обезбеди по еден мал подарок.

Програмата беше збогатена со народни песни изведени од женската пеачка група при Здружението за инвалидски пензионери и Културно уметничкото друштво од Куманово. На крајот, здружението на граѓани за хендикепирани лица „Хуманост“ додели рачно изработени благодарници за сите свои долгогодишни соработници.

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO
CNVP

Мапа

Контакт


Адреса:

ул, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook