Оглас за позиција – Асистент на проект

Акција за рурален развој има потреба од Асистент на проект, за која позиција  го објавува овој оглас.

Бараме работлива, мотивирана и подготвена личност за позицијата Асистент на проект за да му помага на Раководителот на проектот во дневните проектни активности, како и основни административни работи.

Клучни области на активност: Поддршка на проектниот тим во општите административни задачи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: подготовка на документи и уредување, логистичка, административна документација, влез во база на податоци, преводи на англиски јазик итн.

Документирање и ажурирање на информации кога е потребно.

Внесување на податоците во базите на податоци.

Присуствува и известува за состаноци.

Помага со организацијата и координацијата на разни настани и активности,  работилници и обуки.

Помага во комуникациски активности и во изготвувањето и уредување на различни документи и презентации, согласно побараното.

И одредени други работи кои може да бидат доделени.

 Искуство / Компетенции

  • Познавање на основни административни процеси;
  • Искуство во користење на бази на податоци, интернет и компјутери;
  • Искуство со средување на телефонска и електронска комуникација;
  • Одлично познавање на Македонски и Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Добри административни и организаторски способности;
  • Сигурен/а, согледува детали, можност да даде приоритет на работни задачи.
  • Успешниот кандидат треба да има одлични писмени и комуникациски вештини, да биде во состојба ефикасно да управува со својот обем на работа, да има силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи, како и работа на проекти поврзани со администрација.
  • Договор на определено време;

 

Биографиите да се достават во печатена форма на адреса „Коста Веселинов 3а; Скопје, или електронски на info@ruralnet.mk, во период од 5 дена од објавување на огласот.

 

Скопје, 19.10.2018

РДН е член на

brdn
ELRAD
PREPARE

Партнери

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO
CNVP

Мапа

Контакт


Адреса:

ул, "Коста Веселинов" бр. 3а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
инфо емаил: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook